Ракометарките на Чаир Скопје дојдоа до три бода на дуелот против Деспина со 28:18 и покажаа дека и покрај големите промени во составот се одлично подготвени за новата сезона и дека тргнуваат силно во битка за највисок пласман.
Победникот на дуелот против Деспина беше решен уште во првиот дел од средбата кога резултатот беше 11:5 така што во продолжение од натпреварот само се чуваше водството кое беше и зголемено до плус десет.
Гостинките од Прилеп денеска не можеа да следат и да дојдат до подобар резултат така што од овој дуел се враќаат без бодови.
ЧАИР СКОПЈЕ – ДЕСПИНА 28:18 (11:5)
Сала: „7 Март“ во Скопје. Судии: Виктор Андонов и Стојанче Јовановски од Скопје. Делегат: Мамер Реџепи од Скопје.
ЧАИР СКОПЈЕ: Којовиќ, Сали 1, Рамадани, Бакиќ 2, Божиновска 7, Рахмани 3, Рамуко, Гулицоска3, Реџеп 1, Ѓеоргиевска, Алексоска, Дамчевска 3, Петковска 1, Дукоска 4,Филипоска 3
Седмерци: 6/6, Исклучувања: 6 мин.
ДЕСПИНА: Ристевска, Гулеска, Ел. Рипилоска 4, Ева Рипилоска 1, Камческа 3, Цветкоска 1, Спиркоска, Димитрова 2, Петреска, Богојеска 2, Бечирхоџиќ 1, Чурлиноска, Еленин 3, Цаневска, Седлоска 1, Димоска.
Седмерци: 6/8, Исклучувања: 6 мин.
СУПЕР ЖЕНСКА ЛИГА – ГРУПА А
ТАБЕЛА