Ракометарките на Чаир вечерва од 20:30 часот ќе го одиграат својот натпревар против екипата на Вардар порано од предвиденото поради настапот во Европскиот куп викендов.
Чаир во сабота ќе игра против Наиса во елиминациите од Европскиот куп (поранешен Челенџ куп) и ќе се обиде да изненади. Сепак, претходно ќе треба да одиграат натпревар на домашна сцена.
Вечерва гостуваат вардарки од 20:30 часот и тоа ќе биде интересен дуел. Неколку поранешни ракометарки на Вардар сега играат за Чаир, па дефинитивно ќе има мотив плус кај нив да се покажат во добро издание. Ова воедно ќе биде интересен натпревар.
Со оглед на резултатите годинава гостинките треба да бидат фаворитки на оваа средба, а дали ќе биде така ќе се види на терен. Во секој случај ова ќе биде добра проверка за тимот на Чаир за да се види формата пред натпреварот против Наиса в сабота .