Чаир го чека својот ривал во Европскиот куп

Ракометарките на Чаир први влагаат во ждрепка за новата сезона во Европа, а тие ќе играат во 2. Рунда во Европскиот куп, кој е наследник на Челенџ купот.

Чаир се наоѓа во Втората група на тимови и во вториот шешир така што ќе добие ривал од Италија, Србија, Турција, Косово или Украина.

Се работи за старт на Европскиот куп каде што од 3. рунда ќе се приклучи и Куманово.

Со добра ждрепка тимот на Чаир може да се надева на пласман и во следната рунда, а останува да се види прво кој ќе биде ривалот на ракометарките од Скопје. Чаир дебитира на европската сцена во сезоната во која голем дел од екипите го откажаа учеството.

Ждрепката е денеска од 11 часот, а можни противници на Чаир се: Бриксен (Италија), Наиса (Србија), Муратпаша (Турција), Вуштрија (Косово) и Реал (Украина).