Ракометарките на Чаир го загубија и вториот дуел против Х71 од Фарските острови откако денеска забележа резултат од 27:35.
Составот на Чаир не успеа да наметне свое темпо на овој дуел и постојано беше во негатива. Противникот имаше водство кое го одржуваше, па на одмор замина со плус шест.
Во вториот дел само беше довршена задачата, па Чаир остана со пораз од 27:35. На тој начин после вчерашниот висок пораз од 26:43 со две загубени средби ги заврши игрите во Европскиот куп.
Х 71 – ЧАИР 35:27 (18:12)
Сала: Холин А Халси во Торшавн. Судии: Никлас Нигард и Никлас Марк Педерсен од Данска.
Х 71: Јогвансдотир (7 одб.), Ав Скарди (3 одб.), Егхолм 7, Бентсдотир, Бримнес 1, Вејхе 10, Рубексен 1, Палсдотир, Барба 2, Јонсен 3, Бентсдотир 4, Олсен 1, А Борг 1, Јакобсен 2, Арге 1, Митун 2
Седмерци: 8/8, Исклучувања: 2 мин.
ЧАИР: Којовиќ (2 одб.), Сали (3 одб.), Буразер (1 одб.), Рамадани, Бакиќ 3, ожиновска 1, Рахмани 3, Рамуко, Гулицоска 6, Реџеп, Ѓорѓиевска 2, Алексоска 3, Дамческа 1, Петковска 1, Дукоска 7, Филипоска.
Седмерци: 4/4, Исклучувања: 8 мин.