Ракометарките на Чаир ги дознаа можните ривали во второто коло од Купот на ЕХФ, третото по ранг клупско европско натпреварување.
Ова е прва сезона на натпреварувањето што е замена за Челинџ Купот, а Чаир ќе стартува од второто коло.
Во оваа рунда ќе има 18 екипи, а ЕХФ ги подели во две географски зони. Чаирчанки се дел од вториот шешир во втората зона заедно со италијанските Местрино и Касано Мањано, турскиот Измир и косовскиот тим Истогу.
Нивни можни ривали се италијанскиот Бриксен, српската Наиса Ниш, турската Муратпаша, косовската Вуштрија и украинскиот тим Реал.
Ждрепката за второто коло ќе се одржи на 1 септември, додека победниците од овие 18 двобои, ќе им се придружат на уште 23 тима меѓу кои и Куманово во третото коло од ЕХФ Купот.