Тимот на Чаир оваа сезона ќе го има своето деби во европските купови и ќе биде дел од Купот на ЕХФ. Нивен противник е српскиот тим Наиса од Ниш, во кој настапуваат две македонски репрезентативки – Симона Стојановска и Ивана Гакидова.
Двата клуба и ЕХФ ги договорија термините за играње на натпреварите. Во Скопје дуелот ќе биде на програмата на 10 октомври во 18:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“, а судии ќе бидат Украинките Дупли и Победрина, додека делегат е Ацо Николовски.
Реванш средбата ќе се игра во Ниш, во салата „Чаир“, на 17 октомври со почеток во 18:30 часот. ЕХФ за овој дуел ги делегираше Иванаускас и Јенчевичиус од Литванија за арбитри, додека делегат ќе биде Зорица Машиќ од Србија.
Чаир треба да игра четири меча во Женската лига во тој период – на 9 октомври против Вардар, на 11 октомври против Ѓорче Петров, на 16 октомври против Стружанка и на 18 против Гевгелија, но јасно е дека сите ќе добијат нови термини.