Чаир во ист термин ќе ги одигра двата европски натпревари на Косово

Ракометарките на Чаир на 15 и 16 октомври на Косово ќе ги одиграат двата натпревари против тамошниот шампион Истог во рамки од второто квалификациско коло од Европскиот Куп во женска конкуренција.

Македонскиот тим одлучи двата натпревари да ги одигра на Косово, па така на вториот дуел на 16 октомври, избраничките на Басри Љатифи ќе бидат формално домаќин.

Терминот за двата натпревари меѓу македонскиот и косовскиот претставник е 17:00 часот. Арбитри на овие два меча ќе бидат Бошњак и Мариќ од БиХ, а делегат ќе биде Ракочевиќ од Црна Гора.

Доколку Чаир оствари поволен резултат на Косово, тогаш ќе обезбеди пласман во третото коло во Европскиот Куп. Во третото по ранг европско натпреварување пласман од македонските претставници обезбеди само Ѓорче Петров.