Чаирчанки со сирената до бод во Прилеп

Екипата на Чаир се враќа со еден бод од дерби дуелот во Прилеп кај Деспина после ремито од 25:25. До овој бод ракометарките од Скопје дојдоа во последната секунда откако Ана Марија Божиновска беше побрза од сирената.

Во текот на целата средба домашните беа во предност и имаа контрола на резултатот. Деспина тргна со 2:0, но гостинките израмнија. Потоа Чаир успеа да поведе со 5:4, но откако Деспина со 2:0 го презеде одново водството се играше неколку минути со гол за гол. Чаир израмнуваше, но прилепчанки беа во предност.

Последните минути од првиот дел донесоа подобра игра Деспина, која стигна и до плус четири, 13:9, но на одмор замина со три гола разлика, 13:10.

Вториот период од средбата мина со подобра игра од гостинките. Бараа шанса за да дојдат до пресврт, но Деспина имаше контрола.

До 23:23 во 56. минута Деспина постојано беше во предност. Дури тогаш дојде клучниот момент после кој следуваа наизменично погодоци.

Сепак, најинтересни беа последните дваесетина секунди. Чаир имаше напад за реми, но имаше грешка. Домашните добија контра за победа, но место погодок додавањето беше лошо и остана време за гостинките.

Ана Марија Божиновска беше ракометарката која донесе реми рамно на победа за екипата на Чаир и значаен бод од тешкото гостување во Прилеп.

ДЕСПИНА – ЧАИР      25:25 (13:10)

Сала: Р. Р. Ричко во Прилеп. Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски од Битола. Делегат: Саше Јанкулоски од Битола.

ДЕСПИНА: Ристевска, Гулеска 2, Ел. Рипилоска 5, Ева Рипилоска, Камческа, Цветкоска 6, Спиркоска, Димитрова 2, петреска, Богојеска 4, Чурлиноска, Еленин, Цанеска, Димоска, Миноска

Седмерци: 5/6, Исклучувања: 4 мин.

ЧАИР: Којовиќ, Сали, Бакиќ, Божиновска 6, Рахмани 7, Рамуко, Гулицоска 2, Реџеп 1, Ѓеоргиевска 2, Алексоска, Буразер, Дамчевска 1, Петковска 1, Дукоска 3, Филипоска 2.

Седмерци: 5/6, Исклучувања: 12 мин.

СУПЕР ЖЕНСКА ЛИГА – ГРУПА А

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЧАИР880024
2АСТИБО850315
3СКОПЈЕ841313
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ82157
5СТРУЖАНКА80080