Македонија одигра одлично и со перфектен старт и одличен финиш славеше со 30:22. Оваа победа чекор напред кон вкупен триумф од двомечот и пласман во следната фаза од баражот.
На прес-конференцијата романскиот селектор имаше свое видување на натпеварот.
„Честитки за Македонија. Мислам дека игравме добро петнаесет минути, но во последните петнаесет минути потфрливме, немавме искусни ракометари за ваков тип на натпревари. Македонија беше подобра, но резултатот не е реален одраз на силите. Ни следи возвратниот натпревар во Букурешт и мора да се поправиме“.
Романиаја на реваншот во сабота во Букурешт ќе има тешка задача да надомести осум гола негатива.