ЦСКА Москва станува Вардар

Рускиот вицепрвак ЦСКА Москва, го објави третото засилување за новата сезона во која ќе се обиде конечно да го симне од тронот Чеховски Медведи.

Станува збор за поранешниот член на Вардар, Сергеј Горпишин, кој по една сезона во Бундес лигата се сели во Русија.

Пивотменот пред да дојде во Вардар, играше за Ерланген, а лани беше дел од Лудвигсхафен.

Покрај Горпишин, во ЦСКА Москва од следната сезона ќе игра и Дммитри Киселев, додека таму се Павел Атман и Александар Деревен, кој реши да ја заврши кариерата.