По женската екипа на ЦСКА Москва, и машките колеги од истиот тим го освоија трофејот во рускиот Супер Куп.
ЦСКА Москва славеше против Чеховски Медведи со 31-26 и сега може да се пофали со првиот трофеј во клупската историја во ова натпреварување.
Тимот од руската престолнина го најави победникот уште по првиот дел кога направи солидна залиха од пет гола, 17-12, па во вториот дел избраниците на Владимир Максимов не можеа да направат ништо повеќе.
Најдобар стрелец во победничкиот тим беше некогашниот член на Вардар, Данил Шишкарев со десет погодоци, кој беше МВП на мечот.