ЦСКА Москва денес запиша важна победа во дербито против Ростов Дон со 34:30.
Со денешниот триумф екипата на ЦСКА ја зголеми предноста на четири бода во однос на денешниот противник, тимот на Сара Ристовска има 34 бода, додека Ростов остана на 30.
Македонската репрезентативка на теренот помина нешто повеќе од 41 минута и натпреварот го заврши со еден постигнат гол.
Во следното коло ЦСКА и Ристовска ќе бидат големи фаворити против последнопласираниот Краснодар, додека Ростов ќе оди на меч со третопласираниот Тоглиати.