ЦСКА без пола тим во Германија, но и без тренер

На средбата од Лигата на Европа која треба да се одигра во текот на утрешниот ден екипата на ЦСКА Москва замина со скратен состав на гостувањето во Германија кај Магдебург.

Во составот на тимот од Русија недостигаат играчите Виктор Киреев, Илја Рјабов, Андреј Климовец и Глеб Леухин.

Ова ги менува плановите на тренерскиот тим за средбата односно менува сè што беше планирано така што сега ќе мора работите да бидат изменети во однос на подготовките со што Магдебург добива уште поголема улога на фаворит.

За да биде малерот поголем поради настинка во Москва остана и ВД главниот тренер на ЦСКА Москва, селекторот на Русија, Велимир Петковиќ. Затоа тимот утревечер ќе биде предводен од страна на Игор Левшин.