Црногорци ќе му делат правда на Металург

Европската ракометна федерација ги делегираше арбитрите за одложените натпревари од Лигата на Европа, што ќе се играат во нов термин.

Црногорците Милјан Весовиќ и Новица Митровиќ ќе ја делат правдата на дуелот меѓу Металург и Фајверс, а делегат ќе биде Марјан Начевски.

Тимот од Автокоманда ќе игра против австрискиот тим на 22 декември во СЦ „Јане Сандански“ со почеток од 20:45 часот.

Потоа на Металург ќе му останат за играње уште одложените средби против Чеховски Медведи, како и средбата со Висла Плоцк.

Досега металурзи одиграа два меча и загубија на два пати од Тулуз и од Адемар Леон.