Црногорскиот ракометен сојуз се одлучи на еден неевобичаен потег кој досега не се практикувал пред ракометните натпревари. Имено, пред натпреварот против Грција на навивачите ќе се прави алко тест.
Ваквата информација ја потврдија од Црногорскиот ракометен сојуз, додавајќи дека тука ќе биде и вообичаениот претрес и забраната за внесување на тврди предмети. Алко тестот ќе го прави полицијата пред спортскиот центар по сопствена проценка.
„Ги повикуваме навивачите навремено да дојдат на натпреварот за да се избегнат гужви при влегувањето, посакуваме и спортско и фер навивање“, стои во соопшението.
Црна Гора натпреварот против Грција ќе го игра утре од 18:00 часот, а во претходниот натпревар во Грција беа поразени со 25:23.