Еден од ривалите на Македонија на Европското првенство во Унгарија и Словачка, ќе биде селекцијата на Црна Гора.
Црногорците денеска почнаа со подготовки во Подгорица, а селекторот Зоран Рогановиќ засега не може да смета на четворица играчи од списокот од 25 колку што повика за оваа акција.
Ги нема крилото Вукиќ, како и бековите Арсеније Драгашевиќ (повреда), како и Милош Божовиќ и Лука Вукичевиќ, кои в четврток ќе се приклучат поради клупските обврски.
Црна Гора во среда и петок ќе игра со Кувајт, додека в недела ќе се соочи со Косово. Тие ќе се комплетираат на 2 јануари, кога ќе дојдат играчите од Германија, а од 7 до 9 јануари ќе настапат на турнир во Швајцарија, каде ќе играат против домаќинот, Украина и Португалија.