Кадетската репрезентација на Црна Гора го стартуваше вториот дел од подготовките за ЕХФ шампионатот кој ќе се одржи во Летонија. Црногорците дел од своите подготовки ќе ги одработуваат и во Охрид.
Во првата фаза од подготовките, избраниците на Брано Божовиќ тренираа во Цетиње. Црногорскиот селектор за контролните натпревари против Македонија повика 18 играчи и се очекува секој од нив да добие шанса и доволно минутажа.
Поради обврските со своите клубови, во Македонија нема да допатуваат Арсеније Драгашевиќ и Радојица Чепиќ, кои играат за Целје, а од списокот отпаднаа и Лука Вукичевиќ и Богдан Мијушковиќ поради повреда.
ЕХФ шампионатот во Летонија ќе се одигра од 16 август и ќе трае до 22 август. Противници на Црногорците во Летонија ќе бидат репрезентациите на Косово, Холандија и Турција.
Македонија ќе биде дел од ЕХФ шампионатот во Скопје, додека третото натпреварување од оваа категорија ќе се игра во бугарскиот град Варна.