Иако беше на проба за време на струшкиот турнир минатото лето, тогаш црногорскиот интернационалец Самид Мекиќ не потпиша договор со тимот на Струга.
Сепак тоа се случи од втор обид и Мекиќ во продолжение од сезоната ќе ги брани боите на овој тим.
Мекиќ има 21 година и одлични физички предиспозиции (205/87), а пред да дојде во Струга беше дел од чешкиот тим Нове Весели.
Потекнува од составот на Рудар Плевља, а покрај во Чешка, играше и во хрватскиот клуб Пореч.
Мекиќ би требало да биде голем адут на Струга во обидот да се задржи суперлигашкиот статус и за следната сезона.