Во деновите на најголемата среќа на црногорскиот ракомет, денес пристигна тажна вест.
Црна Гора е завиена во црно, откако легендарниот ракометар Миодраг Поповиќ почина на 81 година од животот.
Прославениот тренер, кој во својата земја го нарекуваа татко на црногорскиот ракомет, произведи безброј бисери, меѓу кои и еден од најдобрите играчи на сите времиња Веселин Вујовиќ.
Поповиќ неодамна го прослави својот 80-ти роденден, но сѐ уште работеше и создаваше ракометни таленти во Цетиње и останатите црногорски градови и секогаш беше во чекор со трендовите и беше вистински пример за сите тренери во поранешна Југославија.