На денот кога во Цетиње се случи страшна трагдија, пристигна уште една тажна вест од Црна Гора кога е во прашање ракометот.
Почина Душко Милиќ, 61-годишен трофеен тренер, кој минатата сезона во мај си замина од тренерското место во Ловќен.
Тој ќе биде запаметен по работата во машкиот и женскиот тим на Будуќност, титулите со Врњачка Бања и Зајечар во Србија, како и по селекторскиот мандат во женската селекцијата на Србија.
Како помошник на Милорад Милатовиќ со репрезентаццијата на СР Југославија освои бронза на СП во Италија во 2001 година.
Ги водеше и Беране и Ловќен, каде се врати во 2018 година по повеќе од 20 години. Со Ловќен во последните четири сезони освои три шампионски титули и два трофеи во Купот на Црна Гора.
Во играчката кариера играше за Будуќност, Црвенка, Југовиќ Каќ, пред да замине во странство и да настапува во Шпанија и Португалија.