Црна Гора ја доби драмата со Романија и ѐ на чекор до полуфинале на ЕП!

Репрезентацијата на Црна Гора ја доби денешната драма против Романија во СЦ ,,Борис Трајковски” триумфирајќи со 35:34 и ѐ на чекор да обезбеди пласман во полуфиналето на континенталниот собир.

Откако резултатот беше 1:1 во воведниот дел, следуваа погодоците на Брновиќ и Јауковиќ за водство на составот на Поповиќ од 3:1. Црногорките за пет минути игра постигнаа пет гола и дојдоа до резултатска предност од 5:2. Романките немаа многу идеја во нападите, па така Флорентин Пера уште во 6 минута мораше да побара тајм-аут. При водство на Црна Гора од 6:3, ракометарките на Романија преку искусните Неагу и Пинтеа го израмнија резултатот на 6:6 во 10 минута.

Кризниот период во Црна Гора беше прекинат со голот на Грбиќ за 7:6, но репрезентацијата на Романија повторно дојде до изедначување, 7:7. Резултатот беше и 8:8 пред Црна Гора да се одлепи на 10:8 кон средината на првото полувреме. Од 8-те погодоци на Романија, шест беа дело на Кристина Неагу, додека во црногорскиот табор поголемиот број од ракометарките беа расположени за игра.

Како одминуваше времето Романија фаќаше приклучок и во последниот дел од првото полувреме одржуваше резултатска предност, но без голема комоција во играта. Двете репрезентации влегоа во силно темпо, наизменично постигнуваа погодоци, па така резултатот од 15 минута, па сѐ до првото полувреме најчесто беше нерешен. Романија за првпат поведе во 18 минута со 12:11, имаше и два гола разлика, 14:12, но предноста не успеа да ја сочува до полувремето, кое заврши со нерешен резултат, 18:18.

За неколку минути игра во вториот дел, романската селекција по вторпат дојде до два гола разлика 21:19 и не реализираше неколку напади за плус три позитива. Црногорките успеаја да се вратат, израмнија на 21:21, беше и 22:22, а во 40 минута Раичевиќ реализираше за водство на Црна Гора од 23:22. Иако Црна Гора имаше 24:22, Романија повторно со два гола во низа дојде до 24:24.

 

15.11.2022 EHF EURO2022 ROMANIA vs MONTENEGRO

 

Резултатскиот баланс даваше до знаење дека само нијанси ќе одлучуваат, кој ќе ја добие денешната битка во СЦ ,,Борис Трајковски. Ниту една од двете репрезентации до 50 минута не успеа да создаде поголема предност од два гола разлика. Во последните десет минути Романија влезе со предност од 28:27. По нерешениот резултат од 29:29, една од поискусните во Црна Гора, Радичевиќ со гол од пенал и донесе на својата репрезентација водство од 30:29 во 54 минута, додека Јауковиќ минута подоцна зголеми на 31:29.

Романија беше репрезентацијата која беше пред голем психолошки притисок за камбек и репрезентација која киксна во клучните моменти во дуелот против, денес мотивираните ракометарки на Бојана Поповиќ. Црна Гора откако поведе со 33:30, дозволи Романија да постигне два гола и да намали на 33:32. Во последната минута предноста на Црна Гора беше 34:33 и на речиси дваесетина секунди пред финишот Радичевиќ од пенал и ја донесе првата радост на својата репрезентација во групната фаза од ЕП.

Најефикасни во победничката репрезентација беа Јованка Радичевиќ и Итана Грбиќ со осум погодоци. Во составот на Романија стандардно најефикасна беше Кристина Неагу со девет гола.