Вечерва се одиграа пет натпревари во рамките oд баражот за Светското првенство. Репрезентацијата на Хрватска ја оправда фаворитската улога и работата од двомечот со Финска практично ја заврши уште на гостински терен. Хрватите против Финска денес славеа со 13 голови разлика 21:34.
Прв стрелец во селекцијата на Хрватска беше Филип Главаш со осум голови, Циндриќ постигна шест гола, Марин Јелиниќ пет. Се истакна и голманот Марин Шего кој собра 12 одбрани, а 10 од нив беа во првото полувреме. Кај Финска Робин Гранлуд беше стрелец на пет гола.
Исланд забележа победа од четири гола разлика против Австрија (30:34). Исланѓаните беа предводени Елисон Бјарки со 11 гола, додека кај Австријците најефикасен беше Борис Живковиќ. Густавсон (7) и Халгримсон (2) на голот на Исланд заедно со браа девет интервенции, а во редовите на Австрија Хусл (6) и Мост (5) 11.
Фарски Острови беа тотален аутсајдер против Германија, а на крајот Германците и ја оправдаа таа улога на фаворит со триумф од 33:24. Во победничкиот состав само еден ракометар не постигна гол, а најефикасен беше Лукас Зербе со шест гола, Елифсен Скипаготу постигна пет кај гостите.
Црна Гора на гости во Грција загуби со два разлика 25:23 и во реваншот на свој терен нема да има лесна задача да се избори за пласман на Светското првенство. Во еден момент, избраниците на Зоран Рогановиќ губеа и со шест разлика. Милош Вујовиќ постигна седум гола кај Црногроците, додека Николас Пасијас во редовите на Грција беше стрелец на пет гола.
Унгарија на песлистерот Мартон Секељ од Израел се враќа со минимална победа од 32:33. Алаварез Родригез беше најефикасниот со седм гола кај Унгарците, додека Адир Чохен постигна девет за Израел.