Селекторот на Црна Гора, Зоран Рогановиќ, го објави списокот на ракометари на кои ќе смета за квалификациските дуели за ЕП 2022 година против Шведска.
На списокот се најдоа и двајца ракометари што настапуваат во Македонија – пикерот Бранко Канкараш од Металург и десното крило на Еурофарм Пелистер, Мирко Радовиќ.
„Лавовите“ ќе ја пречекаат Шведска во Подгорица на 6 јануари, а три дена подоцна во Ескилстуна ќе играат против истиот ривал.
Во првите две кола Црна Гора го победи Косово и загуби од Романија, па доколку освојат некој бод од овој двомеч, ќе бидат многу блиску до место на континенталниот собир во Унгарија и Словачка.