Селекторот на младинската репрезентација на Црна Гора, Марко Кнежевиќ го соопшти конечниот список на играчи, кои ќе настапат во квалификациските натпревари за пласман на Светското младинско првенство 2023, кое ќе се одржува во Германија и Грција.
На списокот кај селекторот Кнежевиќ се најдоа и двајца ракометари кои во моментов настапуваат во нашата Суперлига. Тоа се голманот на Еурофарм Пелистер 2, Василије Печурица, кој пред извесен период се најде на поширокиот список во сениорската репрезентација, додека вториот ракометар е членот на Вардар, Андреј Добрковиќ.
Репрезентациите на Црна Гора, Полска, Хрватска, Норвешка и Италија, кои што завршија од 12 до 16 место на младинското ЕП во Португалија ќе играат во квалификацискиот циклус заедно со двата победници од младинските ЕХФ шампионати – Израел и Чешка.
Настап на младинскиот Мундијал во Германија и Грција ќе обезбедат победниците од двете групи. Светското првенство во Германија и Грција ќе се одржи од 22 јуни до 2 јули, 2023 година. Домаќин на квалификациите ќе биде Италија.