Селекцијата на Франција дојде до очекувана победа против Црна Гора со 36:27 и се најде на чекор од полуфиналето иако за да стигне таму ќе мора да се поклопат коцките или да се остане непоразен на дуелот против Данска в среда.
На денешниот дуел неизвесноста траеше дваесетина минути. Французите имаа сериозен ривал во Црна Гора во првиот дел од средбата и некаде до 20. минута бидејќи тогаш имаше и резултат. Сепак, парирањето траеше до 11:11. Претходно Франција направи плус два, но Црногорците стигнаа и израмнија и тука паднаа во ритамот.
После 11:11 работите веќе тргнаа во надолна линија за Црногорците и тие не можеа повеќе да следат. Имаа сериозни проблеми да му парираат на противникот, а тоа доведе до брзо менување на резулатот. Голманот на Франција, Пардин успеа да запре неколку удари и да помогне да се дојде до предност од 16:12 на полувреме.
Овие плус четири беа сосема доволни за селекција како Франција да нема никаков проблем во вториот дел да ги зачува и да продолжи во ист ритам. Постојаното зголемување на водството беше шанса за да се зголеми водството. Црногорците немаа премногу простор за да играат така што Французите немаа воопшто тешка задача за да стигнат до победа.
На крајот беше 36:27 и ова беше и повеќе од доволно за да се стигне до нова победа. Со неа Франција е на два бода зад Данска, но има два повеќе од третопласираниот Исланд. Оттаму в среда ќе биде интересно. Математиката ќе решава многу. Доколку сака во полуфинале селекцијата на Франција ќе мора до победа или до реми против Данска. Сепак, претходно ќе се чека и резултатот од Црна Гора и Исланд кои први ќе се најдат на терен в среда.
ЕП 2022, ГРУПА 1 – ТАБЕЛА