Противникот на Македонија на Европското првенство во јануари, Црна Гора го совлада составот на Швајцарија со 35:31 на стартот од турнирот во Тунис со што одлично ги отвори тридневните натпревари на кои ќе игра и против Тунис и Зеленортските острови.
Црногорците беа во предност во текот на целата средба. Имаа 17:13 после 30 минути игра кога успеаја да се изборат за позитивен резултат и предност после која беше лесно да се остане во позитива односно да се биде постојано во водство.
Репрезентативците на Црна Гора имаа постојана контрола така што во ниту еден момент не беше доведена во прашање победата.
Утре следува дуел против Тунис, а в сабота е дуелот против Зеленортските острови. Средбата која треба да се одигра утре ќе биде и решавачка за победникот на турнирот.
Инаку, Црна Гора е во група заедно со Македонија на Европското првенство во јануари. Ривали се и составите на Словенија и Данска.