Репрезентацијата на Црна Гора доживеа нов голем пех, се повреди Милош Вујовиќ кој ќе го пропушти Европското првенство. Левото крило на Татабања на мечот против Словенија ја обвнови повредата на петата која го мачеше во поголемиот дел од сезоната и му следи нова пауза.
Тој прв пат се повреди на квалификацискиот натпревар против Фарски Острови во јуни, а потоа го одигра и одлучувачкиот дуел со Украина. Ова е нов хендикеп за селекторот Рогановиќ откако се повреди и најголемиот адут во одбраната Небојша Симовиќ.
На местото на Милош Вујовиќ, селекторот го повика младиот Филип Вујовиќ кој игра за шпанскиот Кангас. Филип игра на позицијата среден бек, а добро се снаоѓа и на повеќе позиции во одбраната. Ова за него ќе биде дебитантски настап во репрезентацијата и тоа на Европско првенство.