Црна Гора ослабена во битката за Токио, една ракометарка позитивна на Ковид

Црногорките ќе бидат ослабени во квалификациските натпревари за пласман на Олимписките игри во Токио. Една од главните ракометарки, Јелена Деспотовиќ е позитивна на Kовид-19 и поради тоа нема да може да настапи на квалификацискиот турнир.

Поради повреда нема да настапи и талентираната, Ѓурѓина Маловиќ. Селекторот на Црна Гора, Ким Расмусен, немаше многу дополнителни опции и реши на нивно место да ги повика Сања Премовиќ и Николина Кнежевиќ.

Црна Гора за противник ги има репрезентациите на Норвешка и Романија. Само две репрезентации ќе обезбедат место на Олимписките игри во Токио. Иако натпреварите ќе се играат во Подгорица, сепак, домашната селекција нема да има поддршка од трибините поради ковид протоколите за ракометните натпревари.

Својата авантура за Токио, Црна Гора, ќе ја стартува против селекцијата на Норвешка. Квалификацискиот турнир во Подгорица ќе се игра од петок до недела.