Селекцијата на Црна Гора е чекор подалеку од пласман во четвртфиналето на Олимписките игри во Токио, откако загуби од европскиот првак Норвешка со 23-35.
Мотивираните Црногорки одржуваа рамнотежа во првиот дел, дури и водеа со три погодоци најмногу по заслуга на одличната голманка Ненезиќ која собра десет интервенци. Сепак Норвежанките стигнаа до реми со голот во последните секунди од првото полувреме, 13-13.
Во вториот дел за кратко време Норвешка се одлепи на плус четири, 16-20 и до крајот безмилосно го полнеше голот на Црна Гора.
Најдобри стрелци во победничкиот состав беа Реистад со седум, како и Офтедал и Солберг со по шест погодоци. Кај Црна Гора се истакна Радичевиќ со шест и Јауковиќ со пет гола.