По заминувањето на Зоран Рогановиќ, раководството на федерацијата на Црна Гора го избра новиот предводник на сениорската репрезентација.
Станува збор за Хрватот Владо Шола, кој за месец дена ќе има голем предизвик бидејќи Црна Гора ја очекува двомеч со Словенија во квалификациите за ЕП 2024 година.
„Црна Гора е земја што дала многу квалитетни ракометари и која игра многу убав ракомет, а покрај тоа има и убава перспектива. Ќе ми биде задоволство да работам во такви услови. Ќе се потпрам на тоа што досега го работеше Рогановиќ бидејќи тоа е потребно за да продолжам да работам каде што тој застана“, вели Шола.
Шола во тренерската кариера ги водеше женскиот тим на Звезда Звенигород, потоа машките клубови Загреб, Пекинг Универзитет, Дубрава, Ал Духаил, Дуго Село…а во два наврати беше дел од стручниот штаб на Хрватска.