Репрезентацијата на Црна Гора ќе патува без селекторот и тројца ракометари на Европското првенство во Унгарија и Словачка, но се очекува дел од нив да се приклучат пред одигрувањето на првата средба.
Селекторот Зоран Рогановиќ уште нема негативен тест на коронавирусот и тој мора да остане дома до добивањето на негативен резултат. Покрај него на пат за Деберецен нема да тргнат ниту средниот бек Милош Божовиќ и пивотот Небојша Симовиќ, како и голманот Миле Мијушковиќ.
Симовиќ и Мијушковиќ веќе неколку дена се на листата на позитивни и се очекува да добијат негативен тест навреме за да можат да стигнат ида се придружат пред првиот натпревар на ЕП против Данска на 13 јанури од 20:30 часот.
Со Божовиќ ситуацијата е поинаква. Тој од денеска е на листата на позитивни така што за него ќе биде тешко да настапи на Европското првенство. Поради тоа што мора пет дена да биде во карантин пред да направи нов тест најверојатно овој јануари ќе остане без можност да настапи на Европското првенство. Единствената надеж е Црна Гора да помине во следната рунда што ќе биде навистина тешко.