„Црвено-црно“ срце – планина (ФОТОГАЛЕРИЈА)

[soliloquy id=”123689″]

И покрај сите проблеми и сите случувања во последно време особено во последните неколку денови ракометарите на Вардар денеска завршија одлична работа откако успеаја да го совладаат тимот на Мотор Запорожје со 38:28 и на тој начин со еден удар стигнаа до победа и до пласман во осминафиналето од Лигата на шампионите. Одличната игра во која беше видена максимална мотивираност покажа дека овие ракометари имаат срце големо како планина и се херои.