Ракометарите на Вардар денеска го играат реванш натпреварот од квалификациското коло во Лигата на Европа.
Ривалот на „црвено-црните“ Рајн Некар Левен славеше на првата средба во Скопје со убедливи 34-25 и веќе може да слави пласман во групите.
Вардарци нема да бидат сами во „СНП Арена“ во Хајделерг, бидејќи ќе има многу навивачи на македонскиот тим.
Натпреварот меѓу Рајн Некар Левен и Вардар стартува од 16:00 часот, а ќе го судат Летонците Чернавскис и Богдановс.