Ракометарите на Црвена Ѕвезда во дерби натпреварот од 19. коло во српскиот шампионат славеа против Партизан, со резултат 29:25.
Црвена Ѕвезда од самиот старт на дуелот беше во резултатска предност и во ниту еден момент Партизан не успеа ниту да го израмни резултатот, ниту пак да поведе.
Домаќинот на пауза замина со активен резултат од 16:12 и во вториот дел многу лесно стигнуваше до голови.
Победничката екипа беше предводена од Иван Хорват, кој постигна осум погодци. Голманот на Црвена Ѕвезда, Димитрије Јелиќ собра 12 интервенции.
Кај Партизан се истакнаа Урош Којадиновиќ со пет и Младен Шотиќ со четири реализации.
За овој натпревар во составот на Партизан не настапи младиот голман од Македонија, Стефан Христоски.
Црвена Ѕвезда со новите бодови остана во игра за пласман во плеј-оф фазата. Од регуларниот дел од српскиот шампионат треба да се одиграат уште седум кола.