Србија ја оствари првата победа во главната фаза на Мундијалот откако во балканското дерби беше подобра од Црна Гора со 27:25. Со освоената победа, Србија се вклучува во борба за место меѓу најдобрите осум репрезентации.
Избраничките на Бојана Поповиќ со головите на Премовиќ и Брновиќ поведоа со 2:0 на самиот почеток од натпреварот. При нерешен резултат, 4:4, Србинките направија неколку технички грешки и на сето тоа следуваше серија од три гола на Црна Гора за водство од 7:4. Џокерот во црногорската репрезентација, Премовиќ, одлично функционираше на позицијата десен бек, а ракометарките на Урош Брегар немаа никакво решение за добрата игра на Црна Гора.
Во преостанатиот дел од првото полувреме, Црна Гора имаше предност од три до четири гола разлика. Србија преку една од поискусните во својот состав, Стоиљковиќ, за момент се врати во игра, но не успеа во целост да ја анулира негативната разлика. Солидното водство на Црна Гора не даваше никаква надеж за сигурни бодови, но беше доволно за поволен резултат на полувреме од 18:14.
Репрезентацијата на Србија остана без Марија Петровиќ која во текот на 38. минута заработи црвен картон. Црногорките беа помотивирани и со подобриот процент на реализација имаа активен резултат по десет минути игра во второто полувреме, 21:18. На неполни десетина минути пред финиш, Србија влезе со негатива од минус еден, 23:24. Во последниот дел само нијанси одлучуваа кој ќе победи. Со серија од два гола, Србија направи целосен пресврт и преку Јанушевиќ го презеде водството за 25:24. Премовиќ погоди за 25:25, но следуваше уште еден погодок на Србија за минимално водство од 26:25.
Србија беше повеќе концентрирана во клучните моменти и заслужено ги освои првите бодови во групната фаза. Најефикасна во победничката репрезентација беше Тамара Радојевиќ со осум погодоци. Кај Црна Гора убедливо најдобра беше Јованка Радичевиќ која исто така постигна осум погодоци.
Норвешка во својот прв натпревар од главната фаза ја декласираше репрезентацијата на Порторико со 43:7 во рамките од втората група. Порторико во првото полувреме успеа да постигне само три гола, додека во вториот дел еден повеќе.