Поранешниот младински репрезентативец Филип Арсеновски за првпат во кариерата настапува надвор од Македонија.
Тој се пресели во швајцарскиот шампионат во тимот на Амичитија Цирих, со која потпиша договор до крајот на сезоната.
Ако двете страни бидат задоволни од соработката, договорот може да биде продолжен до летото во 2025 година.
Арсеновски потекнува од Вардар, беше дел од Металург, настапуваше за Еурофарм Пелистер 2, а настапите во Цирих ќе бидат прв интернационален предизвик за него.
Тој веќе дебитираше за клубот каде што игра уште еден Македонец, Мартин Поповски, на мечот против Сент Гален, а следен предизвик ќе им биде гостувањето кај Берн.