Шампионот на Грција, АЕК Атина има одличен старт во рамките од Лига на Европа. Грчкиот претставник во првото и второто коло победуваше проитв Татабања, односно Ним.
Во следното коло, ракометарите на АЕК Атина на свој терен ќе се соочат со екипата на Еурофарм Пелистер. Еден од поискусните ракометари во грчкиот тим, Димитрис Цирас се надева на позитивен исход од средбата со „фармацевтите“.
Натпреварот против Еурофарм Пелистер ќе биде голема можност за неговата екипа дополнително да ги зголеми шансите за пласман во главната фаза.
„Ако стигнеме до трета победа на третиот натпревар, тогаш сигурно ќе се пласираме во следната рунда. Дуелот со Еурофарм Пелистер е „клучот“ за пласман понатаму.. Ние сме АЕК и на секој натпревар одиме само на победа и ќе продолжиме да го правиме тоа“, изјави Цирас за Greek Handball.
Натпреварот помеѓу екипите на АЕК Атина и Еурофарм Пелистер се игра на 16 ноември со почеток од 18:45 часот во Халкида. По две одиграни кола, АЕК Атина се наоѓа на второто место во Групата Д, додека составот на Еурофарм Пелистер се позиционираше на 5. позиција со еден освоен бод.