„Циндриќ со години ја рекетира репрезентацијата и ја уништува атмосферата“

По Лино Червар, кој ја напушти селекторската позиција во хрватската репрезентација, во иднина од националниот тим нема да биде дел ниту физиотерапевтот Дамир Кајба.

Тој се огласи на социјалните мрежи за начинот на кој Хорват го тргнал од репрезентацијата, а во интервју „Нет“ се огласи и за Лука Циндриќ, кој имаше препукувања со Лино Червар низ медиумите.

„Кога ме прашаа кој не заслужува да го носи дресот на хрватската ракометна репрезентација – одговорив Лука Циндриќ. На сите им е јасно, на луѓето во ракометните кругови кои ме повикаа, дека го мислев тоа за него и тоа е мојот личен став. Буквално за мене не е нормално дека овој ракометар може да ги рекетира ХРС и националниот тим три години и дека го чекаме да одигра нешто, да добие потврда дали може или не. Ја уништува атмосферата. Јавноста чека тој да каже што се случува, но тој не дава интервју, на крајот на краиштата не разговара ниту со хрватските новинари“, вели Кајба.

Новиот селектор Хрвоје Хорват веројатно ќе го повика Лука Циндриќ за претстојните квалификациски натпревари за Олимписки игри.

Циндриќ: Поради Червар и Металург изгубив половина година од кариерата!

Червар не му остана должен на Циндриќ: Лука е лажго, па Металург на мене ми нема вратено ништо