Некогашниот ракометар на Металург и Вардар, а сегашен на Барселона – Лука Циндриќ, за хрватските медиуми откри интересен детал од соблекувалната на каталонскиот гигант.
Тој се обложил со неговите соиграчи од Бразил, Тијагуш Петруш и Ханиел Лангаро пред двобојот меѓу Хрватска и „кариоките“ на фудбалското СП и го добил облогот.
„Секако дека го следев Светското првенство во Катар. Јас сум во душа фудбалер, играв за Огулин како дете ме бараше и Динамо. Кој знае, да се одлучев за фудбал, можеби ќе играв во Катар. Шегата на страна, капа доле за момците. Премногу сум горд на нивните резултати. Беше преубаво да се биде Хрват во Барселона додека нашите фудбалери бележеа одлични резултати на СП. Шпанците се големи љубители на фудбалот и без оглед што нивната репрезентација испадна рано, завршницата на СП будно се следеше. Будно се следеше секој натпревар на ова СП, особено напнато беше на дуелот со Бразил. Моите соиграчи Пиетруш и Лангаро ми пријдоа и ме предизвикаа на облог. Рекоа дека Бразил 100% победува, а за да не „оштетат“ се кладевме оној чија земја ќе загуби да ги чести со тура пијалок сите играчи во тимот. Не можете да замислите што им се случуваше во соблекувалната. Неколку дена сите се шегувавме на нивна сметка, но што е најважно, ја исполнија обврската и платија пијалоци“, изјави Циндриќ за „Вечерњи Лист“.
Хрватот има договор со европскиот првак Барса и веројатно уште долго ќе го гледаме во каталонскиот гигант.