Поранешниот ракометар на Вардар и на Металург, Лука Циндриќ деновите во карантин поради ситуацијата со корона вирусот ги минува во Барселона каде што работи во домашни услови.
И тој како и поголемиот дел на спортисти е во исчекување на решение и прекин на паузата.
„На почетокот сите беа шокирани од вестите и од влијанието на вирусот. Никој не помисли дека целата ситуација ќе се развива вака. Ова не е воопшто лесно, сепак, морам да кажам дека во моментов здравјето е приоритет, другото не е важно. Сите ние треба да останеме дома и да се грижиме за нас и нашите роднини, да се обидеме да избегнеме контакти идруги начини зада не се разболиме или да не заразиме други луѓе“, вели Циндриќ.
Нема простор за многу импровизација и пауза, па се работи строго според планот кој го има добиено од екипата.
„Клубот ни даде сеопфатна програма за тренинзи што мораме да ја следиме секој ден. Тоа е сè што можеме да направиме поради карантинот во Барселона. Важно е да останеме во форма што е можно подолго. Не знаеме кога ќе продолжи ракометот, но мораме да бидеме подготвени“.
Покрај работа тој има време и за други активности додека е во карантин.
„Првпат после подолг период имам мног слободно време. Тренинзите и понатаму се на главно место, но во домашни услови. Покрај тоа имам време и за да читање, гледање ТВ, некоја игра…“, коментира Циндриќ во интервју за сајтот на ЕХФ.