Вчерашната најава, дека Лука Циндриќ нема да игра во решавачкиот натпревар за првото место во групата 1 од главната рунда на Европското првенство против Шпанија, денеска стана официјална.
Средниот бек на Барселона ќе го пропушти утрешниот натпревар против европскиот шампион, кој ќе го реши полуфиналниот ривал на „коцкестите“. Тој има повреда на мускулот, а Лино Червар не сака да ризикува со него.
Циндриќ не настапи и против Чешка, а неговиот настап и на петочното полуфинале во Стокхолм исто така останува неизвесен. Натпреварот меѓу Хрватска и Шпанија се игра утре во „Штадхале Арена“ со почеток во 16:00 часот.