Селекцијата на Хрватска ја забележа втората победа во квалификациите за ЕП 2024, откако славеше многу потешко од очекувањата на гости кај Бегија со 30-27 и веќе може да го планира престојот во Германија на континенталниот собир.
Дека нема да им биде лесно на Хрватите се виде уште во првиот дел, кога иако водеа и со четири гола разлика, домашните се вратија во игра и на пауза заминаа со минус два, 15-13.
Во вториот дел Белгија направи комплетен пресврт, дури и поведе со 18-17, но набрзина крилата Главаш и Јелиниќ ја вратија предноста на Хрватска. Се играше гол за гол до три минути до крајот кога беше 26-26.
Белгија погреши на два пати, па казнија Лучин и Дувњак со брзи голови за 28-26. Домашниот селектор викна тајм-аут, Браун погоди за минус еден, но Белгија промаши уште два пати, па Хрватите со голот на Дувњак ставија печат и победија со 30-27.
Најдобри стрелци кај Хрватите со по шест гола беа Циндриќ и Мартиновиќ, додека кај Белгија се истакна Жил и Ванкосен дадоа по исто толку.
Во вториот натпревар што се играше во пладневниот термин Швајцарија забележа нов минимален триумф по оној со Грузија, овојпат на гости кај Литванија со 27-26.