Циндриќ и Палмарсон донесоа нов триумф за Барселона

Ракометарите на Барселона ја продолжуваат победничката серија во Лигата на шампионите и остануваат со максимален ефект после осум одиграни кола. На гостувањето во Данска кај Алборг, клубот од Шпанија славеше со 35:32.

Натпреварот беше интересен и неизвесен до крајот особено во завршницата кога Алборг израмни и имаше напад за водство, но не успеа и на крајот беше поразен.

Почетокот на натпреварот беше рамноправен до 10. минута и резултат 5:5, потоа следуваа два гола на Барселона за два позитива која ја одржуваа без многу проблеми. Во завршниот дел од првото полувреме избраниците на Чави Пасквал стигнаа до четири гола предност, а така беше и на полувреме кога гостите водеа со 19:15.

Поголемиот дел од второто полувреме се играше гол за гол сè до 50. минута кога започна кризата во играта на Барселона. Алборг ја топеше негативата и во 56. минута стигна до израмнување 31:31, а имаше и напад за водство. Сепак, домаќините не ја искористија шансата и до крајот со по два гола Циндриќ и Палмарсон донесоа триумф за Барселона и задржување на максималниот ефект.

Најефикасен во победничкиот тим беше Арон Палмарсон со шест погодоци, додека по пет гола постигнаа Циндриќ и Нгесан. Добро издание имаше Перез Де Варгас со 15 интервенции. Во тимот на Алборг фантастична партија имаше Николај Кристенсен со десет погодоци.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1БАРСА14102222
2АЛБОРГ1482418
3НАНТ1473417
4МАГДЕБУРГ1461713
5ПИК СЕГЕД1461713
6КЕЛЦЕ1451811
7КОЛСТАД1451811
8ППД ЗАГРЕБ1431107