Циндриќ за 24Ракомет ТВ: Карачиќ и Душебаев ми се добри пријатели, ама на теренот…

Барселона славеше против Кил со 34-30 во второто полуфинале во Лигата на шампионите и се пласира во финалниот двобој, каде што ќе го брани трофејот освоен лани во дуелот со полскиот Келце. Лука Циндриќ ќе има шанса за нова титула во Келн, а на спротивната страна ќе ги има некогашните соиграчи од Вардар, Игор Карачиќ и Алекс Душебаев, со кои беа на кровот на Европа во 2017 година. Очекувањата на Циндриќ од големото финале и целосната изјава погледнете ги во видео прилогот...