Цехте за 24РакометТВ: Само да нема повреди – ќе освоиме се што е замислено (ВИДЕО)

За Пелистер сезонава ќе биде подолга и потешка од досега, ќе играат на повеќе фронтови, и сега тимот има и повеќе нови ракометари што треба да ги вклопи во системот. Словенецот Нејц Цехте конечно дојде во Македонија, но ќе го облече дресот со зелена боја. Леворакиот бек е еден од неколкуте „капиталци“ што Еурофарм Пелистер ги донесе во намерата да се исполни планот, да се одбрани титулата и да се покаже дека може достојно да се игра и во Лигата на шампионите. Во краткиот разговор за 24Ракомет, словенечкиот интернационалец отркива кој влијаеше на одлуката да дојде во Битола, ги споредува Данска, Германија и Македонија, што очекува од настапот во ЛШ, за ривалството со Вардар и што им порача на „Чкембари“