Тренинзите на европскиот шампион Вардар додека се одржува Европското првенство ќе мора да се одвиваат со пет-шест ракометари. Дури 13 ракометари на европскиот шампион се најдоа на списоците на селекторите пред стартот на подготовките за континенталниот собир.
Интересен е фактот што повеќе ракометари од Вардар, вкупно шест, ќе играат за Русија на ЕП, отколку за селекцијата на Македонија, за која Данило Брестовац повика петмина ракометари од „црвено-црниот“ тим.
Активни ќе бидат Даинис Кристопанс и Артутрс Кугис кои ќе го имаат дебито на големо натпреварување со Летонија, додека Сташ Скубе се најде на поширокиот список, но не е познатло дали ќе патува на ЕП.
Вардарци на ЕП:
Македонија (Кизиќ, Димитриоски, Стоилов, Кукуловски)
Русија (Дибиров, Горбок, Шишкарев, Горпишин, Калараш, Атман)
Словенија (Скубе)
Летонија (Кристопанс, Кугис)