Некогашната ракометарка на Вардар, а сегашна на ЧСМ Букурешт – Драгана Цвијиќ е на добар пат да се врати во редовите на Будуќност, каде ги помина најдобрите моменти во кариерата.
Цвијиќ ја игра втората сезона во романскиот шампион, но договорот и завршува ова лето, а веројатно нема да и биде понуден нов.
Шпекулациите велат дека и таа е блиску до камбек во тимот од Подгорица, со кој освои и титула во Лигата на шампионите.
Таму се веќе поранешните членки на Вардар – Барбара Лазовиќ, Сања Дамњановиќ и Јованка Радичевиќ, а од следната сезона доаѓа и Андреа Лекиќ.