Некогашната ракометарка на Вардар, Андреа Кликовац, направи свадба во Црна Гора со нејзиниот избраник Угљеша Радоњиќ.
Десниот бек ја заврши ракометната кариера и ќе се посвети на семејството, додека Радоњиќ е познат на македонската јавност од популарното шоу „Ѕвездите на Гранд“.
На свадбената веселба на Кликовац и Радоњиќ беа присутни голем број лица од ракометните и од естрадните кругови.
Гостите ги забавуваа колегите на Радоњиќ од Гранд – Крстиња Тодоровиќ, Ненад Манојловиќ, Урош Живковиќ и Марина Станкиќ, но и младоженецот не ја пропушти приликата да се фати за микрофонот.
На свадбата дојдоа и некогашните колешки на Кликовац од Вардар – Јованка Радичевиќ, Итана Грбиќ, Андреа Лекиќ, Сираба Дембеле, Барбара Лазовиќ…како и многу соиграчи од националниот тим – Ема Аливодиќ, Љубица Ненезиќ, Бобана Кликовац, Ѓурѓина Јауковиќ…