Цел Вардар во идеален тим (ВИДЕО)

Со завршувањето на осминафиналните двобои во регионалната СЕХА лига, беше ставен крај на сезоната, а четвртфиналето и Ф4 ќе се одиграат во август и септември. Во идеалниот тим на осминафиналето свое место имаат четворица вардарци. Крилата Тимур Дибиров и Иван Чупиќ искомбинираа 22 погодоци, средниот бек Ловро Јотиќ даде десет на двата меча, додека голманот Марко Кизиќ на вториот дуел со Металопластика собра 16 одбрани. Покрај четворицата вардарци, за најдобри лев и десен бек се прогласени Оливер Рабек и Гиљерме Линарес од Татран Прешов, а најдобар пивот Лука Роган од Војводина.