Целје на почетокот на сезоната го направи најголемото изненадување, победувајќи го Кил, но на реваншот во Германија, „зебрите“ убедливо триумфираа со 39-27.
Со овој пораз словенечкиот прва испадна од комбинација да се бори за осминафиналето, бидејќи на едно коло до крај на групната фаза заостанува три бода зад Алборг.
Кил се уште се бори за третото место во групата со Нант, и Французите го играат дербито на Б групата со Кјелце.
Во првото полувреме Словенците се држеа, и имаа заостанување од два гола на полувреме, 15-17. Во игра беа се до 35 минута кога нмалија на „минус „“ на 19-21. Потоа Кил уфрли во втора брзина и „скокна“ на 27-21 во 49 минута. Тоа беше крај на сите надежи за можна драма.
Германците имаа и двоцифрена предност, која на крај беше со „плус 12„.
Магнус Ландин со девет гола од исто толку обиди ги предводеше Германците кон триумф. Кај Целје по пет гола дадоа Иванковиќ, Јанц и Сухолежник.